Владата со нова одлука: Џез оркестарот ќe биде сместен во просториите на поранешната килимара

Фотографија: Скопје џез-фестивал / Татјана Ранташа

Владата на денешната седница ја смени одлуката за сместување на новиот Џез оркестар во зградата на Филхармонија. Оркестарот ќе биде сместен на простор доделен на Министерството за култура и ќе има трајна адреса во Општина Центар, на булеварот „Гоце Делчев“ број 4, во просториите на поранешната килимара под Македонската опера и балет (МОБ), спроти КУД „ Орце Николов“.

„Овој простор од 475 метри квадратни е со трајно користење на Министерството за култура. Откако беше заокружен целиот процес , кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели , Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да и припадне на националната установа Џез оркестар“, изјави Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура.

За новите простории на Џез оркестарот веќе е изготвен проект за реконструкција и обнова и обезбедени се средства. Идејното решение ќе биде претставено наредната недела, а министерката очекува со обновата да се почне во најскоро време и таа да заврши до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот