Владата предлага законски измени за финансиска помош на весниците

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Меѓу клучните цели на измените и дополнувањата е поддршка на националните весници кои имаат сериозни проблеми со големите трошоци за печатење и дистрибуција, како последица на високата цена на хартијата и на зголемувањето на цените на горивата, образложува предлагачогт Министерството за информатичко општество.

Со измените и дополнувањата на Предлог законот се уредуваат:

  • еднократна финансиска помош што печатените медиуми би ја добивале од страна на Владата на Република Северна Македонија;
  • начинот на објавување на јавниот повик до печатените медиуми, како и процентуалниот износ којшто Владата ќе го покрие во делот на трошоците за печатење и дистрибуција на весниците;
  • правото на учество и условите коишто треба печатениот медиум да ги исполнува; а се предвидува и основање Комисија којашто е надлежна да одлучува по однос на поднесените барања.

Владата и досега ги поддржуваше печатените медиуми преку донесување Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми. Но, со денеска утврдениот текст на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми, ова прашање се предлага да се уреди преку системско решение, како дел од Законот за медиуми, информираат од Владата.

Предлог текстот се испраќа на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот