Владата најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за студентите и 30.000 евра поддршка за новите бизниси за млади

Влада на РМ- зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Буџетот за 2025 година, Владата планира да им обезбеди пософистицирана средина и успешен образовен процес на студентите и младите, како и соодветна финансиска поддршка при отпочнување на бизниси.

– За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади – се вели во соопштението.

Обезбедувањето на овој ваучер за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет, известуваат од Владата.

Финансиска поддршка до 30.000 евра ќе добијат и младите за отпочнување на бизнис, што би било дополнителен стимул за младите да можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.

Целта на Владата преку овие мерки и проекти е да се задржат младите и студентите, односно иднината да ја градат тука во сопствената држава.

Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања – се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот