Владата на Полска го загуби парламентарното мнозинство

Протест во Полска поради законот за медиуми/ Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski POLAND OUT

Полската Влада, предводена од десничарската партија Право и правда денеска го изгуби парламентарното мнозинство, откако коалициската партија Договор најави излегување поради расколот за предлог-законот за медиуми, пренесува Ројтерс.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки вчера побара смена на министерот за развој, труд и технологија Јарослав Говин. Моравјецки побара смена на Говин откако тој изјави дека предлог законот за медиумите е „напад врз плурализмот”.

Опстанокот на владината коалиција Обединета десница, која е на власт од 2015 година, е неизвесна. Има можност владејачката Право и правда да добие поддршка од некои опозициски пратеници, вклучително и тие од ултрадесничарскиот сојуз Конфедерација.

Во Парламентот денеска се очекува гласање за предлог-законот за медиуми, со кој се ограничува уделот на странска сопственост во медиумскиот сектор, што, според критичарите, е обид да се замолчи независна американска телевизија што ја критикува владата.

Предложениот закон за медиуми практично ќе ја принуди американската медиумска куќа „Дискавери инк”. да го продаде својот удел во мрежата ТВН, која емитува голем број канали, но и каналот за вести ТВН24, кој има најголема, милионска гледаност.

Иако критичарите тврдат дека таков закон ќе ја загрози репутацијата на Полска како земја во која медиумите се слободни и каде медиумскиот простор е отворен за странски компании, владејачката полска партија Право и правда не се откажува од намерата за национализација на медиумите, повикувајќи се на национална безбедност.

Полска: Протести против закон со кој се задушува независноста на медиумите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот