Нови автобуси/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Владата ја усвои Информацијата на Министерството за транспорт за набавка на нови 120 еко-автобуси

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од страна на општините за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.

За оваа намена, според обезбедените финансиските средства во рамки на буџетот на Министерството за транспорт, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, додека пак останатите 40 ќе бидат распределени согласно реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот