Владата ја укина забраната за движење по шумите и планините

Фото: Профимедиа

Владата на денешната седница ја укина забраната за движење низ шумските предели.

Во соопштението кое гоиспрати владината прес-служба по завршетокот на седницата, меѓу другото се вели дека, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донела одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Одлуката за забрана за движење низ планините беше донесена на 5 август истовремено со прогласување на кризната состојба во траење од 30 дена, на територија на целата држава, откако од почетокот на месецот катастрофални пожари зафатија големи површини на шума и изгореа десетици илјади хектари под вегетација на повеќе различни локации, а најголеми штети претрпе висококвалитетна борова шума во малешевскиот крај.

Минатата недела, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на прес конференција најави ублажување на забраната за движење, за, како што рече, одредени категории на лица како планинари и параглајдеристи бидејќи процениле декапланинарите се најголемите пријатели на планините и можат благовремено да ги известат надлежните за појава на шумски пожари уште додека тие не се проширени и да помогнат во гаснење на огнот додека е во почетна фаза, додека пак параглајдеристите исто така имаат можност од воздух да забележат евентуална појава на чад или огин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот