Владата го донесе ребалансот на Буџетот

Владата усвои и Одлука за максимален износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија во износ од 800 милиони евра.

Владата на седница одржана вчера го донесе ребалансот на Буџетот за 2020 година, соопшти владината прес-служба која најавува дека детали за ребалансот ќе бидат презентирани на прес-конференција во текот на денешниот ден.
Владата усвои и Одлука за максимален износ на ново задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на Република Северна Македонија во износ од 800 милиони евра.
-Имајќи ги предвид сите предизвици што произлегоа по прогласената пандемија на КОВИД-19 на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, мерките за заштита и рестрикција на движење кои ги преземаат државите, а особено нејзиното влијание на пазарите на капитал, Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирањето со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство, наведуваат во соопштението.
Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзница во износ до 800 милиони евра ќе обезбеди финансиски средства за буџетска поддршка на Македонија во 2020 и 2021 година и за рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на отплата на државниот долг на Македонија.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од назначување агент за процесни услуги на Македонија претставувана од Министерството за финансии во процесот на издавање на еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал и го задолжи Министерството за надворешни работи преку Амбасадата на Македонија во Лондон, Велика Британија да ја преземе функцијата на агент за процесни услуги во име на Република Северна Македонија претставувана од Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот