Владата бара решение за корекција на функционерските плати, уверува Бесими

Фатмир Бесими / Фото: Секретаријат за европски прашања - МИА

Владата бара одржливо решение за корекција на функционерските плати кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостување на телевизија „Сител“, Бесими рече дека интенцијата на Владата уште тогаш била дека не треба да се укине таа одредба.

– Реагирано е од страна на Владата уште пред да се донесе одлуката бидејќи по процедура Уставниот суд доставува информација до Влада. Владата даде мислење дека не треба да се укине, појасни Бесими.

Коментирајќи ги најновите прогнози на Светска банка според кои македонската економија ќе има најнизок раст, Бесими појасни дека во регионот ние сме најотворена економија, а нашиот најголем трговски партнер Германија која е во рецесија и дека сето тоа се ефектуира врз нашата економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот