Влада: Лага е изјавата на Мицкоски дека Владата платила за анкетата објавена од Брима, да се извини на граѓаните

Влада на РСМ / Фото: МИА

На вечерашното гостување на телевизијата Канал 5, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе целосно неточна информација дека анкетата на Брима, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, се вели во соопштение на Владата на РСМ.

-Не постои јавна набавка за анкетата односно истражување на јавното мислење на Брима, ниту пак истата е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата. Бараме од Христијан Мицкоски да се извини на граѓаните и на Владата за ваквата груба лага, дополнуваат од Владата.

Претходно Мицкоски, на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев на Канал 5, посочи дека резултатите од анкетата на БРИМА не се релевантни и дека очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ и делегитимирање на актуелната власт.

„ БРИМА анкета е платена со владини пари на тендер. Победата на опозицијата на овие Локални избори не е доведен во прашање и тоа ќе биде крај на оваа влада. Граѓаните ќе го кажат своето. Ние нудием еден нов квалитет, најголемиот дел од кандидатите што ги предложи коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за прв пат настапуваат, 95-96% се млади луѓе, луѓе на средни години, луѓе кои се мотивирани, храбри кои што имаат визија и план и проект за општината која што планираат во иднина да ја застапуваат пред своите граѓани. Јас сум убеден дека граѓаните тоа ќе го препознаат, бидејќи сосема спротивното на тоа е она што го нуди СДСМ, практично повторувачи, луѓе кои што практично, ја немаат довербата од граѓаните, ја имаат целосно изневерено. И најголем дел од кандидатите ан СДСМ се луѓе кои ќе претрпат сериозен поразн на следните локални избори. Со тоа ние како ВМРО-ДПМНЕ, како опозиција, комплетно ќе ја делегитимираме оваа ненародна Влада“, истакна Мицкоски.

Извор: Влада на РСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот