Вкусови што се памтат: Руска кујна – Руски колач со урми (РЕЦЕПТ)

Youtube
Youtube

Кога ќе се спомне руска кујна нешто што прво ви доаѓа на ум е руската салата која е особено популарна во овој период. Типично за руската кујна е што изобилува со богатство од рецепти чии главни состојки се риба, живина, печурки, шумски бобинки и мед во десертите.

За денес ќе ви подготвиме еден колач со урми и ораси попознат како руски колач кој често се приготвува во руските домаќинства. Стар рецепт, но вкусот е незаборавен и кога ќе го направите еднаш ќе сакате да го правите многу почесто.


Состојки:

– 3 јајца
– 250гр шеќер
– 250гр сечкани ореви
– 100гр суво грозје
– 100гр урми
– 4 лажици брашно
– 1 кесичка прашокпециво

Подготовка:

Во подлабок сад убаво изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Потоа додадете го брашното и прашокот за пециво. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

Исчистете ги урмите од семки и исечкајте ги на ситни парченца. Исчистените ореви исецкајте ги, но на покрупни парчиња и измешајте ги со урмите во еден сад.

Со постепено мешање почнете да го додавате миксот од овошје во смесата со јајца и брашно за убаво да се распоредат секаде низ тестото.

Сипете го колачот во подлабок калап и печете на претходно загреана рерна од 180 степени. Со чепкалка проверувајте која ќе биде убаво испечен.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Руска кујна – Традиционална руска салата (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот