Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Сплитска торта (РЕЦЕПТ)

Мирис на тазе печена Личка погача со кисело млеко, или можеби мирис на домашен леб со пченка, пршута и маслинки. Мирис на манџа со зелка и колбаси, сарма или колбас, солени сардини, пастикада и уште многу специјалите кои потсетуваа на прекрасната хрватска кујна.

Денес на мени е едно неверојатно слатко задоволство познато како спилтска торта која е полна со суво овошје, а има неодолив кремаст вкус.

Состојки:

Кора:
– 10 белки
– 10 лажици шеќер
– 200 г ореви (може и бадеми)
– 200 г суви смокви
– 200 г суво грозје
– 4 лажици брашно

Крем:
– 10 жолчки
– 10 лажици шеќер
– 180 г путер
– 50 г чоколадо
– 1 лажица масло
– малку млеко

Подготовка:

Во подлабок сад  изматете ги белките заедно со шеќерот во цврста шлаг пена. Оревите, смоквите и сувото грозје ситно исечкајте и измешајте со брашното а потоа додадете ги во садот со изматените белки и убаво измешајте. Соединетата смеса истурете ја во плех од шпорет покриен со хартија за печење и ставете во рерна загреана на 180. степени. Печете околу 20. минути.

Испеченото тесто оставете го неколку минути во тавата па извадете со хартијата и оставете на страна да се излади.

Крем: Во подлабок сад преостанатите 10 жолчки жолчките изматете ги со шеќерот и варете на пареа додека не добиете густ крем. На изладениот крем додајте го пенесто изматениот путер и се добро соединете.

Кората исечете ја на три ленти и ставајте на чинија за служење и филувајте. Кора, па фил, се до последната која и потоа целата торта намачкајте ја со преостанатиот фил.
Во мала тава ставете маслку масло и 50 грама чоколадо кое отккао убаво ќе се стопи прелијте ја тортата.

Добар апетит!

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Рожата (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Личка погача (РЕЦЕПТ)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот