Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Рударска греблица (РЕЦЕПТ)

YouTube
YouTube

Во 2007 година, хрватското Министерство за култура прогласи подготовка на рударскa греблица за нематеријално културно богатство. Подготовката на оваа „тенка торта“ е поврзана со историјата на рударството во Руде, во близина на Самобор.

Отпрвин тоа беше вообичаен оброк за рударите, а со текот на времето прерасна во солена колач именувана по традиционалната дрвена алатка – гребло.

Најпознат рецепт е оној со сирење, а потоа со сирење и ореви, сирење и спанаќ, блитва или коприва.

Во Руде, правењето на традиционалната хрватска греблица се пренесува од генерација на генерација, а традиционална фолклорна манифестација во Руде на почетокот на јули беше именувана во нејзина чест.

Состојки:

– 50 грама брашно
– 1 коцка квасец
– 2,5 дл млеко
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажица масло
– 500 грама свежо кравјо сирење
– 2 јајца
– сол по вкус
– 2 дл кисела павлака

Подготовка:

Активирајте го квасецот со малку млеко, лажичка шеќер и малку брашно.

Измешајте го квасецот со брашното, млекото, шеќерот, солат и маслото.

Во меѓувреме, измешајте ги и сите состојки за фил во посебен сад, како сирењето, јајцата и солта.

Убаво замесеното тесто расукајте го во подебела кора двојно поголема од големината на тепсијата за печење

Поставете ја едната половина од кората во тепсијата за печење и ставете фил по целата површина.

Потоа поклопете ја со другата страна од кората и во виљушка прицврстете ги краевите да не истече филот. Откако убаво ќе затворите одозгора намачкајте со киселата павлака.

Печете на 200 ° C околу 20 минути. Се служи додека е топла.

Добар апетит!

 

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Рожата (РЕЦЕПТ)

Вкусови што се памтат: Хрватска кујна – Личка погача (РЕЦЕПТ)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот