Вкусен и сочен викенд ручек: Пица од компири со пршута (ВИДЕО)

Кога времето е пријатно за шетање, никој не сака да поминува долги часови во кујната за да готви, но сепак секој сака да ужива во вкусен и сочен викенд ручек.

Имаме предлог како најбрзо да зготвите вкусна пица од компири:

Потребни состојки:

Еден компир
Маслиново масло
Пармезан
Доматен сос
Свежи печурки
Моцарела
Едно јајце
Пршута (или друг сувомеснат производ по желба)

Подготовка:

Исечкајте го компирот на тенки кружни парчиња и истите наредете ги во круг во садот каде ќе го пржите. Претходно ставете малку маслиново масло.

На кругот компири наросете пармезан и покријте го садот. Пржете 5 минути на ниска температура.

По 5 минути додадете ги доматниот сос, печурките, моцарелата и јајцето, гответе 5 минути на средна температура.

Потоа додадете ја пршутата и ручекот е подготвен.

Пријатно!!!

Potato Pizza

Potato Pizza w/ ProsciuttoFull recipe: http://taste.md/1RPhMQR

Publiée par Tastemade sur Mardi 8 mars 2016

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот