Стив Виткоф спецјален пратеник на Трамп EPA-EFE

Виткоф: Украина и Русија се согласија да разменат 314 воени заробеници

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф изјави дека делегациите од САД, Украина и Русија денес се согласиле да разменат 314 затвореници што е прва таква размена за пет месеци, јавуваат медиумите.

 „Денес, делегациите од САД, Украина и Русија се согласија да разменат 314 затвореници, што е прва таква размена за пет месеци“, напиша Виткоф на платформата X.

Американскиот дипломат не откри колку затвореници ќе размени секоја земја.

Мировните преговори продолжуваат

Ова беше постигнато во мировни преговори кои беа детални и продуктивни. Иако останува значајна работа, чекори како овој покажуваат дека континуираниот дипломатски ангажман дава опипливи резултати и ги зајакнува напорите за завршување на војната во Украина“, додаде тој.

Главниот преговарач на Киев во среда, исто така, го прогласи првиот ден од новата рунда разговори во Абу Даби за „продуктивен“, иако судирите на фронтот продолжуваат.

Виткоф објави дека разговорите продолжуваат и дека се очекува понатамошен напредок во наредните недели, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот