Вистинска магија додека се движите: Здолништата со реси се враќаат во мода!

инстаграм

Доколку сте љубители на бохо стилот, ќе ве израдува информацијата дека здолништата со реси се враќаат во мода и повторно ја освојуваат модната сцена! Доколку овој крој не се наоѓа во вашиот плакар, себе не можете да се наречете жена со исклучителен стил, велат модните стручњаци.

инстаграм

Првата асоцијација за ова здолниште е секако женственоста, а благодарение на овој крој секоја дама изгледа беспрекорно. Тесното здолниште ги истакнува облините, а ресите креираат вистинска магија додека се движите. Совршен детаљ кој секоја фигура ќе ја направи заводлива.

инстаграм

Во зависност од останатиот аутфит и начин на кој ќе ја искомбинирате, таа може да биде дел од лежерен, но и елегантен стајлинг. Лесно се вклопува и со патики, рамни сандали, но и штикли. Кој стил и да го сакате, покрај ова здолниште ќе изгледа одлично. Долги, кратки или модели со средна должина, сите се добредојдени.

инстаграм

Погледнете ги овие девојки за дополнителна инспирација!

инстаграм
инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот