Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Реката Вардар со многу ѓубре 27,10,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Високи водостои на Вардар и на Треска, УХМР апелира на внимателно движење

Од Управата за хидрометеоролошки работи, предупредуваат за високи водостои на реката Вардар во горниот дел на течението, како и на реката Треска.

Од Управата велат дека и натаму има опасност од излевање на овие две реки, додека пак во западните делови водостоите на реките се во опаѓање, и се очекува тој тренд да продолжи.

Во источниот дел од земјата состојбата е мирна и единствено посериозно зголемување на водостојот имаше во крајниот долен дел од сливот на реката Струмица.

Во текот на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на реката Вардар во средниот дел од течението.

Од УХМР ги предупредуваат граѓаните внимателно да се движат покрај реките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот