Виртуелниот базар ги спои креативците: Божиќниот „Крафт арт фест“ е во тек и ќе трае до 31 декември
По 17-ти пат се одржува божиќниот ,,Крафт арт фест“, во организација на Македонска артизанска трговска асоцијација и Групер.
Препорачано
Според уметниците, учесници на базарот, настанот е празник за сите нив.
– Годинава животот сакал да нѐ збогати со уште некои вештини, знаења и искуства, па ни направи можност да ја почувствуваме онлајн-продажбата. И еве нѐ во нов формат, 30 учесници, занаетчии, креативци, уметници кои работат и се изразуваат во различни техники и материјали. Секој од нас доби свое виртуелно дуќанче и го имаме новиот формат на Базарот, првиот виртуелен базар од ваков тип во регионот. Многу ни значи поддршката што ја добиваме, па и овојпат ве очекуваме – ни рече една од учесничките на Базарот, уметницата Александра Иванова.






Божиќниот „Крафт арт фест“ е во тек и ќе трае до 31 декември.
Навистина е убаво да се чујат позитивни нешта во оваа тешка година, и секако, да се поддржат креативците, занаетчиите и уметниците. На овој линк може да ги најдете и да ги поддржите (ТУКА).


