Винисиус го напушта Реал Мадрид и прави трансфер во Премиер лигата?!
Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор (25) би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето откако преговорите за нов договор се заглавени.
Препорачано
Според англискиот портал TeamTalk, главниот проблем е разликата во финансиските очекувања, напаѓачот бара повисока плата од Килијан Мбапе, додека клубот му нуди околу 18 милиони евра годишно, а тоа Бразилецот го одбива.
Иако има важечки договор до 2027 година, Реал е подготвен да размисли за продажба за да не ризикува играчот да влезе во својата последна година без продолжување. Постои голем интерес, првенствено од Премиер лигата, а се споменуваат Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Челси и Ливерпул.
Неговиот агент наводно веќе водел разговори со неколку клубови, па еден од најголемите трансфери на летото би можел да биде на повидок.
Винисиус постигна 11 гола и имаше пет асистенции во шпанското првенство оваа сезона, а запиша по пет гола и асистенции во Лигата на шампионите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
32мин
-
42мин
-
57мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


