ФОТО | Вин Дизел објави фотографија со Новак Ѓоковиќ: „Честитки за мојот брат“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои 101. трофеј во својата блескава кариера, откако на турнирот во сала во Атина го совлада Италијанецот Лоренцо Музети, деветти на АТП-листата, со резултат 4:6, 6:3, 7:5. Со оваа победа, 38-годишниот Ѓоковиќ стана највозрасниот шампион во историјата на АТП-турнирите, кои официјално постојат од 1990 година.
Препорачано
По триумфот во Атина, Ѓоковиќ доби бројни честитки од колеги, пријатели и обожаватели ширум светот, а меѓу нив се најде и една особено забележителна – од холивудскиот актер Вин Дизел.
Ѕвездата на филмскиот серијал „Брзи и бесни“ (Fast and Furious) објави фотографија со Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил и напиша: „Честитки за мојот брат Новак Ѓоковиќ. Величината не се добива така лесно – таа се заслужува со дисциплина и се дефинира со срце. Ти го поседуваш и едното и другото“.
На објавата реагира и сопругата на тенисерот, Јелена Ѓоковиќ, која остави емотикони со срце и српско знаме.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
6час
-
7час
-
7час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


