Вилијамсон е неверојатен: По 10 натпревари влезе во историјата на НБА (ВИДЕО)

Првиот избор на минатогодинешниот драфт, Зајон Вилијамсон е најголема атракција во НБА лигата.

Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, стана најмадиот играч во историјата на НБА лигата кој на седум натпревари по ред постигнува 20 или повеќе поени.

Вилијамсон во победата над неговиот тим од 128:115 над Портланд постигна 25 поени и го собори рекордот на Кармело Ентони. Вилијамсон со ова постигнување покажа дека со право се смета за еден од најталентираните кошаркари во последните 30-тина години.


ЛА лејкерс благодарение на ол стар дуото, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис со 117:105 го совлада Мемфис. Џејмс и Дејвис заедно постигнаа 60 поени, лејкерси ја остварија четвртата победа по ред со што се зацвстија на првото место во Западната конференција со скор од 42 победи и 12 порази.


Лука Дончиќ како по обичај беше предводник на Далас, со 33 поени и 10 скока беше најзаслужен за триумфот од 122:106 на гостувањето кај Орландо меџик. Далас со скор од 33 победи и 22 порази се наоѓаат на шестото место во Западната конференција.


Резултати:
Орландо – Далас 106:122
Вашингтин – Кливленд 108:113
Њујорк – Индијана 98:106
Торонто – Феникс 118:101
Минесота – Бостон 117:127
Оклахома – Денвер 113:101
Јута – Сан Антонио 104:113
ЛА лејкерс – Мемфис 117:105
Портланд – Л.А. клиперс 115:128

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот