Вилијамс: Една милијарда долари за тим од Формула 1 не е ништо
Расте цената на тимовите од Формула 1 затоа што расте побарувачката. Имапонуди и од една милијарда долари за купување тим, но, никој од сопствениците не сака да продава
Шефот на тимот на Вилијамс во Формула 1, Џејмс Ваулс, смета дека една милијарда долари не е висока цена да се плати за да се купи тим кој учествува во „најбрзиот циркус“.
Препорачано
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, изјави дека има сериозен интерес кај инвеститорите да купат тимови од ова натпреварување, а некои од сегашните сопственици одбиле понуди вредни речиси една милијарда долари.
– Што е една милијарда долари за тим од Формула 1, многу или малку? Интересно прашање. Во НФЛ најевтиниот тим е четири милијарди долари, а скапите чинат шест милијарди. За Формула 1, овие пари, една милијарда долари, не се толку многу, а вредноста на тимовите допрва ќе расте, бидејќи спортот има сериозен потенцијал за развој – вели Ваулс.
Воведувањето на ограничување на буџетите во Формула 1 и зголемениот интерес за овој спорт од 2020 година наваму доведоа до тоа вредноста на секој тим во шампионатот вртоглаво да порасне. Но проблемот за потенцијалните купувачи е што никој во Формула 1 не сака да си го продаде тимот.


