Вилфред Заха го замоли селекторот да не го вика во репрезентацијата оти постојано се враќа болен

Заха има бизарно оправдување да не доаѓа на собирот на репрезентацијата на Брегот на Слонова коска/ фото: EPA-EFE/Justin Setterfield

Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфред Заха го замоли селекторот на Брегот на Слонова Коска, Патрис Бумел, да не го вика за следните два натпревари од квалификациите за СП 2022 година поради бизарна причина.

– Пред неколку дена Заха ми испрати порака дека секој пат кога ќе дојде на собир со репрезентацијата, се враќа болен. Сега ме замоли да не го викам за наредната репрезентативна акција – изјави Бумел на прес-конференцијата на која го објави списокот од 25 фудбалери за натпреварите против Мозамбик и Камерун во последните два натпревари од квалификациите за СП 2022 година.

Брегот на Слонова Коска се наоѓа на првото место во групата Д со 10 бодови, и има еден бод повеќе од Камерун, па се очекува нивниот дуел да одлучува за тоа која репрезентација ќе оди во завршната фаза од квалификациите.

– Сакам војници, воини кои и со една нога ќе дојдат да играат за репрезентацијата. Тоа е пораката која јасно и гласно ја испраќам на секој фудбалер – порача селекторот Бумен.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот