Виктор Орбан: „Јас сум Марин Ле Пен!“
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на социјалната мрежа „Икс“ објави “Je suis Marine!”, што значи „Јас сум Марин/Ја поддржувам Марин“.
Препорачано
На ваков начин Орбан реагираше на пресудата што францускиот суд денеска ја донесе за Марин Ле Пен, прогласувајќи ја за виновна за проневера на европски фондови.
Таа беше осудена зашто вработила 4 фиктивни асистентки кога беше дел од Европскиот Парламент.
56-годишната Ле Пен, нејзината партија РН и дваесетина други партиски претставници беа обвинети за проневера на неколку милиони евра од фондовите на Европскиот парламент за да платат партиски вработени во Франција. Новите европратеници на Национален собир и 12 парламентарни асистенти се прогласени за виновни за потпишување „лажни договори“ дека наводно работат за европратениците. Се докажа дека сите овие луѓе всушност работеле за партијата а не за Парламентот.
Исто така, на Марин Ле Пен ѝ е забрането да се кандидира за јавна функција без да се прецизира до кога ќе трае забраната. Ако трае 5 години како што бараше обвинителството, Марин Ле Пен нема да смее да се кандидира на претседателските избори во 2027 година на кои според анкетите имаше голема шанса да победи.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
19мин
-
22мин
-
36мин
-
39мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


