Борче Кузмановски / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Старите пневматици ќе бидат избришани како со гума!

Гумите за автомобил (пневматиците) по завршувањето на нивната функција стануваат опасен отпад со кој многу внимателно треба да се постапува во иднина. Не ретко, кај нас отпадите гуми ги полнат депониите или несовесни граѓани ги косристат за огрев. Ова има фатални поседици за животната средина и по јавното здравје. По стапувањето на сила на Законот за дополнителни текови каде што се уредени и гумите постои обврска за поинаков третман на отпадните гуми со рециклажа.

Законот ги обврзува најголемите увозници на гуми, откако ќе им заврши примарната функција, на продолжена одговорност, за отпадот кој се создава со тие гуми, вели за „Слободен печат“ Борче Кузмановски, управител на „Гуматек“.

– Колективен постапувач е компанија специално формирана од увозниците, производителите на тој тек на отпад, односно гуми во нашиот случај. Најголемите увозници на гуми, кога ќе пуштат на пазарот производ кој ке му заврши примарната функција, имаат продолжена одговорност за отпадот кој се создава од увезениот производ. Затоа, согласно овој закон се формира посебна компанија која е непрофитабилна и која има за цел да го организира собирањето и рециклирањето на овој тек на отпад. Самата компанија се финансира од популарно кажано еколошката такса и согласно овој закон, прецизно наменети средства за постигнување на тие национални цели кои се дефинирани во истиот закон – вели Кузмановски.

Старите гуми се реален проблем во нашата држава, во секојдневието сме сведоци на „планини“ од гуми по депониите, палење на гумите, а како што вели Кузмановски, нивната цел е да го намалат тоа.

– Сигурно сте виделе ѓубришта со расфрлани гуми, бидејќи имаат висока калорична вредност, се користат за горење, за палење, за вар, во некои случаи и за греење, ама тоа екстремно го загадува воздухот и животната средина. Нашата цел, нашата мисија е да го намалиме тоа, колку можеме повеќе. На кој начин? Ние поставуваме организиран систем на собирање и рециклирање на гуми. Воопшто не е лесно да се справиме со овој тек на отпад, бидејќи самата гума нема комерцијална вредност и на многу страни се заинтересирани за поступување со овој тек на отпад. Затоа постоиеме ние тука да го субвенционираме тој процес – додава нашиот соговорник.

Почната е акција со поставување на собирни центри во општините каде што жителите ќе можат да ги остават гумите коишто повеќе не ги користат. Досега договорот е склучен во Аеродорм и Ѓорче Птеров, но идејата е да се покрие целата држава.

Минатата година во Македонија биле увезени 9000 тони гуми, а истата година „Гуматек“ упсела да собере 770 тони отпадни гуми и не дозволиле да завршат по депониите или да бидатз апалени, што е одличен почеток во справување со овој важен општествен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот