ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Саракинов: Продадени се околу 24.000 билети во НОБ во 2024 година
На сцената на Националната опера и балет во 2024 година се одиграле 34 оперски претстави, премиери, репризи, постојани поставки и тоа во рамките на повеќе настани. Годинава се одржаа традиционалните манифестации Василичарски концерт, Мајски оперски вечери, а по повод 100 години од смртта на композиторот Џакомо Пучини, Операта реализираше настан „Месец на Пучини“, во рамките на кој во ноември се одржаа четири претстави и еден концерт, „Жените на Пучини“.
Препорачано
Екипата на „Слободен печат“ беше во посета на НОБ каде што со Христо Саракинов, уметнички раководител на операта правиме ретроспектива за годината во изминување.
– Како најуспешен настан за 2024 година би ја извдоил оперската претстава „Мадам Батерфлај“, со гостите од Јапонија, Романија, Грција, но и прекрасна поставка на нашите солисти. Се работи за настан кој беше реализиран во склоп на „Месецот на Пучини“ – рече за „Слободен печат“ Саракинов.
Саракинов е горд на тоа како измина 2024 година, со полни сали на сите претстави. Најмногу билети биле продадени во ноември.
– Во 2024 година имаме продадено приближно 24.000 билети. Најмногу билети се продале во месец ноември. Најголем интерс за публиката разбуди претставата „Набуко“, која се прикажуваше во септември – рече тој.


