Славица Ончевска , Инспектор за надзор МАЛМЕТ
Славица Ончевска , Инспектор за надзор МАЛМЕТ

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Лековите со поминат рок треба да се вратат во аптека наместо да се фрлаат во ѓубре

Во Законот за управување со отпад е пропишано дека отпадот со лекови кој потекнува од домаќинствата не смее да се отстранува заедно со комуналниот отпад, туку граѓаните треба да го достават до аптеките, оваа услуга за нив е бесплатна – вели Онческа.

И покрај тоа што во Законот за управување со отпад стои дека домаќинствата отпадот со лекови не треба да го фрлаат во комуналниот отпад туку треба да го достават, бесплатно, во аптеките, во пракса ситуацијата е поинаква. Граѓаните најчесто лековите ги фрлаат во отпадна вода или во канта за отпадоци. Лековите се со хемикалии и доколку завршат во почвата и водата имаат, силно, штетно влијание врз животната средина.

Во депонијата „Дрисла“ печката за согорување на лекови и медицински отпад ја користат само здравстевни установи и аптеки. Каде е пропустот и зошто системски затајуваме во однос на ова прашање разговараме со Славица Онческа, фармацевтски инспектор во МАЛМЕД.

– Во моментов се работи на преработка и изготвување на нов Закон за лекови. Се работи и за измена на актуелниот Правилник за уништувње на лекови со поминат рок. Измените се однесуваат во воведување на конкретна постапка за тоа како треба да постапуваат граѓаните со отпадот со лекови. Се работи на списокот на аптеки каде ќе бидат поставени специјални контејнери, таму граѓаните ќе можат да го складираат отпадот со лекови. Во план е фармацевтите да поминат низ соодветна обука за тоа како се постапува со фармацевтскиот отпад – рече Онческа за „Слободен печат.“

Дотогаш можеме да се повикаме на член 56 од Законот за управвање со отпад.

–  Во Законот за управување со отпад е пропишано дека отпадот со лекови кој потекнува од домаќинствата не смее да се отстранува заедно со комуналниот отпад, туку граѓаните треба да го достават до аптеките, оваа услуга за нив е бесплатна – вели Онческа.

 

 

Онческа потсетува дека лековите се соединенија коишто можат да бидат отровни, па поради тоа во никој случај не треба да се фрлаат со комуналниот отпад.

– Опасноста лековите да ја загадат почвата, одводните води е голема, бидејќи на тој начин се загрозува општото здравје на населението – вели таа.

Рокот на употреба на лекот се утврдува од страна на производителот.

– Рокот на употреба на лекот се утврдува според студија на стабилност која се изведува од страна на производителот. Моја препорака е граѓаните лековите да ги упоребуваат според пропишаниот датум, бидејќи по истек на рокот може да ослабне активната компонента или да се јават штетни последици по ризик на нивното здравје – вели Онческа.

Не се чуваат сите лекови во фрижидер, како што вели нашата соговорничка, доколку на некој лек производителот пропишал да се чува на собна температура треба да се водиме според упатството. Ончевска е категорична во однос на тоа дека граѓаните не смеат меѓусебно да си донираат, разменуваат лекови по социјални мрежи.

– Ова според мене е неприфатливо. Граѓаните не се професионални во однос на чувањето и употребата на лекот, фармацевт треба да го даде лекот. Најпосле, тоа бил лек препишан на едно лце, не може друг да го користи на своја рака. Мој совет е доколку на граѓаните им останале од било која причина лекови коишто не ги користат да ги однесат во најблиската аптека и да се исконсултираат со стручни лица – вели Онческа.

Таа советува да не се подлажуваат да купуваат лекови на интернет.

– Интернет продажба кај нас е строго забранета. Препорака до граѓаните да не купуваат на овој начин лекови, бидејќи се работи за нерегулирани извори на лекови. Таквите лекови може да им донесат дополително штета. Тоа треба да се регулира преку воспоставување на онлајн аптеки регистрирани од МАЛМЕД тогаш ќе можат да пристапат на онлајн купување на лекови на безбеден начин – вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот