ВИДЕОИНТЕРВЈУ | „Лаб дизајн маркет“ ги поддржува дизајнерите од локалната сцена

Драган Христов/Фото: Слободен печат

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.
Драган Христов e куратор на „Лаб дизајн маркет“. За „Слободен печат“ вели дека се работи за платформа, односно изложбен и продажен простор на седумнаесет македонски дизајнери и занаетчии. Основната цел била да им се даде простор и поддршка на младите дизајнери и занаетчии.

Драган Христов/Фото: Слободен печат

– Целта на проектот беше да им се даде најдобрата поддршка на дизајнерите од локалната сцена, а тоа е продажбата… На отворениот повик што го имавме  изминатиот месец, се пријавија голем број апликации, од кои комисијата, стручната комисија, одбра седумнаесет, меѓутоа отворениот повик ќе биде наскоро повторно отворен. Во „Лаб дизајн“ сме тројца, јас, Мартина и Филип, меѓутоа Лабораториум располага со многу вработени, тим од прекрасни и расположени за работа, ентузијастички расположени луѓе- вели Христов.

Тој во овој сектор долги години, од 2006 година.

Драган Христов/Фото: Слободен печат

-Фактот дека се мешаат публиките на седумнаесет дизајнери е доволна добра бројка за наши услови. Станува збор за целосно приватен проект, на кој се надеваме дека институциите, не само локални, македонски, туку и странските што се присутни кај нас, ќе имаат слух и ќе можат да нè поддржат, затоа што клиентите и нашата куповна моќ е тоа што го имаме- вели Христов.

Драган Христов/Фото: Слободен печат

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот