Др. Татијана Спировска - Фото - Слободен печат / Методи Здравев
Др. Татијана Спировска - Фото - Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | д-р Спировска: Ракот предизвикува неподнослива болка, но има лек и за неа

Што е болка? Се лекува ли и со какви третмани? Каков тип на болка постои? Освен болка што е предизвикана од канцерогени болести, се лекува ли мигрена? Каква е болката која ја предизвикува ракот? Утрово за болката и нејзиниот третман во емисијата „Слободен печат“ разговараме со доктор Татјана Спировска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија, којашто раководи со Центарот за болка во „Аџибадем-Систина“.

– Акутната болка, всушност, е позитивен симптом затоа што ќе го натера тој што страда да дојде во лекар и да ја најде причината за болка за да биде отстранета и со тоа болката ќе престане. Меѓутоа, хроничната болка настапува повеќе како синдром. Настапува после оштетување на ткивото и таа се дели на малигна болка, хронична немалигна болка и најново во светската литература детектирана е пост малигна-немалигна болка. Битно е пациентите да знаат дека има начин да се лекува болката, човек не треба да страда од болка. Секоја болка се лекува-вели Спировска.

Таа објаснува дека кај нив се третира малигна болка, меѓутоа се третира и хронична немалигна болка. Во групата на хронична немалигна болка спаѓа мигрената, остео-мускулна болка, невропатска болка, зглобна болка. Мигренозна болка, може да ја истретира невролог. Доколку медикаментозно не успее да се истретира, се оди кон полуинвазивни методи, односно блокирање на нерви, или аблација за да се обезболи пациентот. Во групата на остеомускулна болка може покрај медикаментозната терапија да се вклучи и блокирање на одредени нерви. Во третирањето на хронична немалигна болка учествуваат невролог, ревматолог, анестезиолог, интервентни радиолози коишто се вклучени во третирањето на хронична немалигна и хронична малигна болка.

-Секој човек којшто пати од болка и сака истата да биде отстранета закажува термин. Пациентите ги прегледувам јас и во зависност од типот, на болката, исконтактиран е специјалист од одредена област којшто ќе го преземе пациентот. Повторно ќе кажам, дека третманот на болка е на цела наука и не може да се излекува со едно доаѓање на лекар. Доколку во самиот старт се одлучи дека таа болка не може да се истретира медикаментозно и дека треба некоја инвазивна метода, тогаш пациентот ќе треба еднодневно да лежи кај нас. Блокадата на нерви се прави амбулантски-вели Спировска.

За канцерогената болка вели дека тоа е посебен вид на болка којашто во почетокот е послаба и како одминува времето, станува се појака и појака, во терминалната фаза е веќе не неиздржлива.

– Болката се зголемува и се јавува и заради оштетување на самите нерви од процесот на цитостатска терапија и зрачење. Таа болка е помала и додека е така со неа може да се справат и самите онколози. Понатаму, кога веќе болката се зголемува, кога веќе треба да се вклучат лекови од групата на опијати, тогаш се препраќа пациентот до нашиот Центар за болка-вели Спировска.

Како болката расте, крајна метода е поставување на континуирана инфузија којашто тече поткожно со пумпа 24 часа.

-За да се постави таа пумпа, пациентот треба да дојде во болница, да лежи 24 часа, затоа што треба да одредиме комбинацијата на лекови којашто ќе успее да го обезболи пациентот, а при тоа да нема несакани ефекти-вели Спировска.

За тоа која е користа на оваа пумпа, објаснува дека пумпата се менува на 3 или 5 дена и кога треба да се смени пумпата, ја менува член на семејството или нивна екипа во домашни услови.

– Ординирачкиот доктор е достапен 24 часа седум дена во неделата телефонски за сите пациенти, доколку има некакви проблеми да кажат, ние ќе бидеме со нив, ќе го решиме проблемот. За самиот пациент и за семејството тоа многу значи. Затоа што знаат дека има некој на когошто можат да му се јават до самиот крај на животот на тој пациент-вели Спировска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот