Др. Злате Мехмедович - Потпарол на Ком. за заразни болести / Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Др. Злате Мехмедович - Потпарол на Ком. за заразни болести / Фото - Слободен печат - Методи Здравев

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Мехмедовиќ: Рекорден број на вакцинирани, а амбулантите и болниците преполни

Бројките на заболени за овој период од годината се очекувани и не се загрижувачки, не треба да се создава паника, вели за „Слободен печат“ д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека и покрај тоа што оваа сезона имаме рекорден број на вакцинирани,  здравствените работници се преоптоварени од работа поради голeмите гужви на болните по амбулантите, а се бара кревет плус и во болниците.

Зголемениот интерес за вакцинирање против грип оваа сезона, како што вели Мехмедовиќ, дава простор за размислување да се зголеми бројот на дози в година. На тој начин ќе се заштити поголем процент од населението, а во исто време ќе се редуцира притисокот врз здравствените установи.

Преполните болници и амбуланти не го пролонгираа зимскиот распуст на учениците, според докторот нема потреба и од препораки.

– Сè уште е рано за препораки. Оваа епидемиолошка статистика не е неочекувана за овој период од годината. И минатата година имавме преполни болници, впрочем тогаш бројките на заболени беа поголеми. Статистиките на Институтот за јавно здравје не говорат за некоја поразлична година од претходните – вели Мехмедовиќ.

Детеските оделенија се најкритични, а тоа се должи на непочитува препораките на Комисијата за бесплатната вакцинација кај ризичната популација.

– Не се слушаат препораките од Комисијата и од здравствените власти за ризичните групи базирани на превентива. Тука спаѓшаат децата од шест месеци до пет години, бремените жени, над 65 годишни со хронични болести и здравствените работници. Оваа година имаме рекорден број на беслпатни вакцини против грип аплицирани на над 72.000 лица од ризчната популација. Од нив најголемиот процент се на возраст од 65 години и хронично болни, а најмал број се деца и затоа имаме ваква слика, преполни детски оделенија – рече докторот.

Потребно е подигнување на свеста кај родителите за вакцинацијата.

– Родителите треба да сфатат дека вакцината против грип е една од најефикасните мерки. И следните години ќе продолжиме да гледаме полни болници ако не ја промениме перцепцијата за вакцинацијата – вели Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ вели дека традиционално пикот се очекува во втората половина на февруари.

– Помеѓу 15 февруари и 1 март се очекува да имаме максимален број на заболени од грип, но не е само за инфлуенцата, тука се и други респираторни боелсти и вируси коишто напаѓаат овој период – вели тој.

Покрај вакцинацијата, Комисијата апелира на почитување на куќниот ред на секоја здравствена установа, посетите да се минимизираат, бидејќи секоја посета претставува ризик за внесување на вируси од надвор. Хронично болните што не се вакциниранин да носат заштитни маски каде што има поголема фреквенција на луѓе.

Вакцинацијата трае во текот на целата сезона на грип, односно до средина на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот