ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Апостолски Николов: Стапката на доење е ниска, мајките имаат потреба од помош за доење

Јасна Апостолоски Николов / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

„Слободен печат“ во знак на Светскиот ден на жената 8 Март, во потрага по жени кои со својата работа ги рушат стереотипите за одредени машки професии.
Оваа седмица ја посветуваме на храбрата „понежна половина“ и преку нашиот серијал ве запознаваме со неколку дами кои се единствени, уникатни и посебни по својата работна позиција.

Јасна Апостолски Николов е меѓународен сертифициран консултант за доење. Таа е медицинската сестра и за „Слободен печат“ вели дека во женскиот свет улогата на мајка е една од најважните, за младите мајки овој непознат свет носи страв и несигурност и потребата од помош и поддршка е многу важна.

Јасна Апостолски Николов / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

-Низ работата во ординација како медицинска сестра, ја увидов и потребата да им се помага на мајките за доење. Кога почнав да работам во ординација по педијатрија, стапката на доење меѓу нашите мајки чиишто дечиња беа пациенти, беше многу ниска. Меѓутоа, со самата помош, успеавме тој процент да го надминеме- вели Апостолски Николов.

Таа објаснува дека тема на часовите за психофизичка подготовка на трудници, се техниките за дишење и запознавање со родилниот период.

Јасна Апостолски Николов / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

-Се смета дека стравот што го имаат родилките од породувањето потекнува од искуствата што ги слушаат од другите што веќе поминале низ тоа. Сите тие искуства кај нас предизвикуваат еден условен рефлекс на болка, односно, условен рефлекс што раѓањето, породувањето, го поврзува со болката. Исто така, на часовите го вежбаме и напонот за породување. Објаснуваме која е разликата меѓу породување, природно породување, породување со царски рез, што се случува во родилиштата кога ќе влезат- вели Апостолски Николов.

Центар за мајки ,,здраво бебе” / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Таа објаснува дека мајките на крајот на часовите, дури и по породувањето, кажуваат дека веќе со поголема самодоверба пристапуваат кон тој чин, затоа што сите чекори во предродилниот период веќе ги знаат, бидејќи ги посетувале часовите за психофизичка подготовка на трудници.
Јасна Апостолски Николов е една од околу 32.000 сертифицирани консултанти за доење во светот.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледете го во продолжение:  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот