ВИДЕО+ФОТО: Жена-пчелар од тетовско сама одгледува 80 пчелни семејства, „ пчелата е бог на природата без неа ќе нема живот“

Фото: Слободен печат

Магда Милошеска од тетовска Брвеница над 20 години се занимава со пчеларство.

Една е од ретките жени-пчелари која сама се грижи за пчелните семејства 80 на број. Најзиниот пчеларник за наоѓа на околу 700 метри надморска височина во селото Стенче. Пчеларењето вели е посебна гранка, има многу обврски, но љубовта кон пчелите кое се „богови на природата“, не ми дава да се откажам од оваа дејност, кој се соочува со големи проблеми и предизвици.

„За мене пчеларството е нешто повеќе од сите други сточарски гранки оти без пчелите нема живот, таа е бог на природата, ако изумре пчелата со тоа за 5 години почнува да изумира и природата, почнувајчи од опрашувањето. Можам да кажам дека сум среќен пчелар оти 99 % работам се сама. Кој се занимава со пчеларство знае колку труд треба да се вложи, ако не ги сакаме пчелите нема да ни оди работата. Нелојалната конкуренција е најголем проблем и за тоа не се прави ништо. Правиот мед ја задржа ланската цена, а по пазарите може да се најде мед од 300 денари, тој е лажен мед. Реалната цена на медот е 1000 денари, но ајде да не биде премногу скапо, го продаваме по 800 денари. Медот треба да се јаде како превентива за да се зајакне имунитетот“, вели Магда Милошевска.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

За проблемите во пчеларската дејност говорат и голем број пчелари од полошкиот регион. Еден од нив е прскањето во овоштарниците лоцирани во близина на пчелните сандаци.

„Проблеми печаларите имаат доста, како најголем е прскањето на овоштарите несоодветно и без да не известат, како второ е зголемените трошоци на пчеларите, за разлика од минатите години и пчелната паша се намалува, има се помалку мед и некако едвај да излеземе на позитивна нула. Оваа година е полоша од минатата, само 2018 имавме добра година од неа можевме да се пофалиме. Тоа се зависи од климатските услови, багремиот годинава беше замрзнат, два дена процвета и толку немаше квантитет, но квалитетот е добар“, вели Светозар Петковски.

Вчера и денеска на тетовскиот плоштад во организација на двете здруженија „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ се организира манифестацијата „Слатки денови на Тетово“.

Целта е промоција на оваа дејност, која може значително да ја развие руралната гранка во овој регион.

„Нас ни треба помош од општинарите и централните власти за да можеме да правиме промотивни материјали, за луѓето да го препознаваат вистинскиот од лажниот мед. Јас можам да кажам дека нашиот мед е еден од најквалитетните медови. Ние учествуваме и на меѓународни натпревари каде освојуваме голем број на награди. Сето тоа докажува дека нашиот мед е еден од најквалитетните медови.За жал овие признанија не влегуваат во увото на институциите, за да може нашиот мед да се брендира. Другите држави инвестираат во нивниот производ, институциите треба да помогнат за да се брендира овој производ, ние како земја мала не можеме да конкурираме со мала количина, но можеме да конкурираме со квалитет и да бидеме препознаени по тоа“, вели Дритон Дикена организатор на манифестација „Слатки денови на Тетово“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот