ВИДЕО+ФОТО | Сузан Бојл по 14 години на сцената на „Британија има талент“: „Преживеав мозочен удар“

Фото: Youtube/ Facebook

Оваа недела, Сузан Бојл се врати на сцената и настапи во финалето на шоуто „Британија има талент“. Во таа пригода откри дека за малку немала да присуствува на настанот, бидејќи доживеала мозочен удар, пренесува „Мирор“.

Имено, скромната Шкотланѓанка пријатно ја изненади публиката кога се појави во шоуто заедно со актерската екипа на „Les Misérables“, исто како што тоа го направи во 2009 година со нејзината прекрасна верзија на „I Dreamed a Dream“.

Откако ја изведе песната што ѝ донесе светска слава, Сузан, позната и како СуБо, покажа дека сè уште добро звучи, а публиката тоа го потврди поздравувајќи ја со громогласен аплауз.

Фото: Facebook/ Susan Boyle

Но, 62-годишната Сузан, за која се вели дека сега вреди милиони, откри дека преживеала мозочен удар, поради што не знаела дали ќе може да настапи.

„Всушност, ова враќање е посебно за мене. Минатиот април доживеав мал мозочен удар и мислев дека би било лудост да се вратам на сцената, но еве ме.“,  објасни Бојл.

Инаку, по стекнатата слава, Сузан својот приватен живот го чуваше подалеку од центарот на вниманието. Таа во едно интервју изјавила дека не сака да зборува за нејзиниот љубовен живот и смета дека не е во ред да објавува лични податоци за својот партнер.

Фото: Facebook/ Susan Boyle

Пред неколку години купила куќа што чини над 100.000 фунти, а која се наоѓа во близина на нејзиниот дом од детството. Иако била во можност да си дозволи раскошен имот, сепак ѝ било тешко да се одвои од својот стар дом, па решила на истото место да го направи својот дом од соништата.

Деби албумот на Сузан, „I Dreamed A Dream“ доживеа огромен успех и беше едно од најпопуларните музчики изданија на 21-от век. Албумот беше продаден во повеќе од 10 милиони примероци ширум светот. Се вели дека талентираната пејачка заработила повеќе од 22 милиони фунти во текот на нејзината кариера, но и понатаму води скромен живот.

Потсетете се на нејзината прва аудиција, во 2009 година:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот