ВИДЕО+ФОТО | Слободен пeчат од терен: Сите ниви во тетовско Раотинце под вода, мештаните останаа без основната егзистенција

Фото: Слободен печат

Се што е засаденo е уништено во тетовското село Раотинце, реката Вардар го сотре сиот земјоделски род откако вчера се излеа од коритото.

Има поплавено домови, а водостојот на Вардар е на ризичната квота.

Земјоделецот Флоре Митревски вели дека целата површина што ја засадил, му е под вода.

Фото: Слободен печат

„И пред два месеци имаше тука поплави, ги засадивме нивите, но сега пак засаденото е под вода и да се исуши земјата, доцна е да се сади. Оваа сезона нема ништо од земјоделието. Ќе остане и добитокот гладен оти и голем дел од залихите со сточна храна се уништени по излевањето на Вардар. Ливадата која ја косевме се е фрлено, во мои 70 години само еднаш државата ни дала помош“, вели земјоделецот Флоре Митревски.

Фото: Слободен печат

Од месната заедница Раотинце, велат дека штетите се големи, но допрва треба да се утврди што се е уништено откако ќе се повлече реката.

Градоначалинкот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски, решение гледа во регулација на коритото на реката

„Ние како општина немаме средства, а властите се помалку војла, а ретко и кога мештаните се обештетуваат. Владата до го земе ова во предвид, да ги земе нашите барања за обештетување, да најде можност да ги обештети мештаните, дека по затворањето на Југохром, овие села се занимаваат претежно со земјоделие“, вели градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски.

Проектот регулација на коритото на Вардар предвидува заштитни ѕидови и насипи долж критичните места на реката, но досега немало никакви активности на терен за негова реализација.

ВИДЕО: Се излеа Вардар кај тетовското село Раотинце, поплавени се куќи и ниви

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот