ВИДЕО+ФОТО: Гори и во Општина Сарај, зафатена и борова шума, хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони во акција

FOTO -Pozar

Избувна пожар во Општина Сарај кај селото Љубин и навлезе во боровата шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се вклучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони „ер трактор“ на ДЗС полетаа за дејство, појаснуваат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Фото: ЦУК

Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот