ВИДЕО+ФОТО | Австралискиот музичар Тими Трампет го развеа македонското знаме на „Јовано Јованке“
Тимоти Џуд Смит, попознат по неговото уметничко име Тими Трампет, е австралиски музичар, диџеј, текстописец и продуцент. За многу кратко време стана меѓународно познат по свирењето на труба во живо и користењето на џез елементи во денс музиката. Публиката посебно ужива во неговите енергични настапи, а својата балканска премиера музичарот ја имаше на фестивалот „Ohrid Calling“ во пресрет на големиот македонски празник Илинден.
Препорачано
Перформанс на Ohrid calling кој душа полни ❤️
Ќе беше поубаво да е Кутлеш, ама странец е и не знае така да не смееме да му замериме 🙂
Да живее Македонија! pic.twitter.com/OwQWnOcEcF
— Маче (@Vlatko100janosk) August 2, 2022
За време на неговиот настап австралискиот музичар го развеа македонското знаме додека во позадина се слушаа препознатливите македонски песни: „Слушам кај шумат шумите“ и „Јовано Јованке“.
View this post on Instagram
Со многу емоции во еден глас македонската публика ги пееше песните додека македонското знаме се вееше во рацете на Тими.
Погледнете дел од фотографиите и видеата кои осамнаа на социјалните мрежи, како и официјланите фотографии од самиот настап на Тими Трампет.


