ВИДЕОАНКЕТА | Знаете ли што е епилепсија и на кого е посветен „виолетовиот“ ден?

Фото: Слободен печат-Принскрин

Меѓународниот ден на епилепсијата е глобален настан посветен на подигање на свеста за епилепсијата, невролошко нарушување кое погодува милиони луѓе ширум светот. Овој ден има за цел да промовира разбирање, да ја намали стигмата и да обезбеди поддршка за лицата кои живеат со епилепсија и нивните семејства. „Слободен печат“ ги праша скопјани дали знаат што е епилепсија и на кого е посветен денешниот „виолетов“ ден?

Генерално анкетираните знаат за каков тип на болест станува збор, а поголем дел имаат и познаници кои боледуваат од оваа болест.

– Тоа е болест која треба да се третира и да се контролира, се гледа со ЕЕГ нормално, брановите се гледаат во мозокот- вели млада девојка.

Постара госпоѓа објаснува дека тоа се напади, а за болеста зане и постар господин. Млада скопјанка објаснува дека нејзината тетка има епилепсија.

– На другарка, дечко и имаше епилепсија и плус, имам и другар со таа болест- вели студентка од Скопје.

Генерално сите знаат што е епилептичен напад , повеќето не виделе болен и не знаат како изгледа, но не се доволно информирани бидејќи свеста за епилепсијата не е уште висока во нашата заедница.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот