Фото/ Слободен печат: Принтскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Водите ли сметка за менталното здравје?

Одите ли често на психијатар? Има ли стигма околку лекувањето на менталните состојби? На Светскиот ден на менталното здравје „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку водат сметка за својата психичка состојба и колку се грижат за менталното здравје? Одговорите се различни, дел сметаат дека сè уште преовладува стигмата, многу малку се зборува за темата, но и не се води сметка за здравјето.

– Јас сум од Битола, многу е тешко да се најде психијатар, да се разговара – вели госпоѓа од Битола.

Младите велат дека се влошува моменталната свест.

– Не учиме ни на училиште за тоа и затоа што станува табу да се зборува за менталното здравје, и луѓето, и тие што имаат проблеми, се срамат да зборуваат – вели скопјанка.

Еден студент вели дека живееме во општество што едноставно ја потценува важноста на менталното здравје. На прашањето што може да се направи за да се намали стигмата околу менталното здравје, граѓаните велат дека луѓето треба да имаат повеќе доверба во психолозите.

Анкетата ја подготви нашата колешка Агнеса Чаволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот