ВИДЕОАНКЕТА | Како е да се живее со дијабетес?

Фото: Слободен печат- Принтскрин

Денес е 14 ноември, интернационалниот ден на дијабетичарите. „Слободен печат“ ги праша граѓаните дали знаат дека денес е Светскиот ден на дијабетесот? Повеќето од нив одговорија дека не знаат, но сретнавме и дијабетичари кои ни ги споделија нивните искуства и потешкотиите со снабдување со лекови за дијабетес.

– Вака лично, не познавам некој што е дијабетичар, но претпоставувам дека имаат некои предизвици во поглед на терапија и слично, со оглед на другите состојби, каква е состојбата во здравството, верувам дека е така – рече една случајна минувачка.

– Јас не чувствувам голем проблем бидејќи моите ќерки – поголемата е лекар, па таа ме снабдува од Турција, така што јас лично не, ама гледам дека други луѓе имаат голема потреба и би требало конечно, не само за дијабетичарите, туку за сите, да се набават споодветните лекови. Навистина, ова што се случува во здравството е за секоја критика – изјави една повозрасна госпоѓа за „Слободен Печат“.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот