ВИДЕОАНКЕТА | Дали ви се допаѓа како е украсено Скопје?
Скопје заблеска во знакот на Новата година и влезе во празнично расположение. На плоштадот „Македонија“ засвети новогодишната елка, а отворен е и празничниот базар. До 31 декември, секој ден од 18 часот ќе има богата празнична програма, со музички настани и изненадувања, додека на најмладите ќе им бидат посветени викендите.
Препорачано
Граѓаните се со поделени мислења околу новогодишното украсување, на дел од нив им се допаѓа атмосферата и украсите, а дел сметаат дека изгледа сиромашно.
„Слободен печат“ ги праша граѓаните дали им се допаѓа како е украсено Скопје, што би промениле и дали го чувствуваат новогодишниот дух.
Според одговорите, на поголем дел од граѓаните им се допаѓа како е украсена метрополата, но дел од нив сметаат дека може да се додаде нешто за да се придонесе во изгледот.
– Би сакала да има малку поголема елка, да биде малку поукрасено, да се вратат некои од постарите украси кои се користеа во 2014-2015 година. Така би било посветкаво, поубаво и попразнично – рече една од анкетираните.
– Јас би ги украсил семафорите за да има повеќе атмосфера – вели еден граѓанин.
На прашањето дали граѓаните чувствуваат новогодишна атмосфера доминираа негативни одговори.
-Па 50-50. Искрено повеќе се украсени кафулињата отколку самиот град – одговори една девојка.


