ВИДЕОАНКЕТА | Дали се користат маркетиншки трикови за Црн петок?

Anketa Blek Frajdej- foto: printskrin
Anketa Blek Frajdej- foto: printskrin

На еден месец сме пред Нова година. Традиционално се очекуваат попусти. Денес е Црн петок. Во анкетата што ја спроведе „Слободен печат“  ги прашавме анкетираните што мислат за реалните цени на производите и дали планираат да пазарат на овој ден.

– Нешто многу минимално има на намаление, ама „Блек фрајдеј“, како што треба да биде, нема кај нас – вели еден случаен минувач.

Повеќето од граѓаните беа информирани за Црниот петок, но не беа премногу заинтересирани за шопинг, велејќи дека тоа се само „маркетиншки“ трикови и дека ова е американска традиција.

– Со оглед на сè, ова се големи маркетиншки стратегии – објаснува еден млад минувач за „Слободен печат“.

Наидовме на една постара госпоѓа која живеела 10 години во Америка. Таа ни ја потврди драстичната разлика меѓу цените во Америка и во Македонија. Додаде дека македонските граѓани „паѓаат“ на вакви попусти, дури и да се минимални.

– Знаеш каков народ сме ние. Да ни кажат дека некаде нешто е 5 денари поевтино, таму ќе одиме. Ние сме такви – објаснува таа за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот