ВИДЕОАНКЕТА | Дали гледате ракомет?
Дали македонците се спортска нација? Дали ги следат натпреварите на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство? Каков пласман очекуваат и дали се задоволни од резултатите? Голем дел од испитаниците беа заинтересирани за учеството на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство и одговорија позитивно на прашањето дали ги следат натпреварите на македонските репрезентативци.
Препорачано
Еден од минувачите кој го анектиравме на оваа тема, штотуку се имаше вратено од Вараждин, каде што ги играме натпреварите од ова Светско првенство.
– Редовно ги следам натпреварите на македонската ракометна репрезентација на сите Европски и Светски првенства – изјави тој.
На прашањето дали се задоволни од резултатите кои досега ги постигнале нашите ракометари, мислењата беа поделени.
– Задоволен сум од играта, резултатот многу често зависи од судиите на натпреварот, како што беше на натпреварот против Холандија. Сѐ на сѐ, добро е – рече еден случаен минувач.
Во однос на тоа каков пласман се очекува од нашите репрезентативци, дел од испитаниците беа оптимисти и посакуваа висок пласман, а имаше и одговори кои не предвидуваа толку успешен пласман.
-Влеговме во второто коло, а таму сигурно ќе биде тешко – кажа еден од испитаниците.


