ВИДЕО | „Жежок“ спот: Хитот на Оливија Њутн-Џон е прогласен за најсекси песна на сите времиња

Оливија Њутн-Џон Фото: Принтскрин/ Пинтерест/Menshealth/Јутјуб

Песната „Physical“ на Оливија Њутн-Џон е прогласена за најсекси песна на сите времиња, а голем хит е и ден-денес, 40 години откако е објавена.

Иако Оливија остави најголема трага со улогата на Сенди Олсон во култниот филм „Брилијантин“, таа беше подеднакво успешна и во својата музичка кариера. Оливија се прослави со својот хит „Physical“ од 1981 година, кој три децении подоцна беше прогласен за најсекси песна на сите времиња од страна на магазинот „Билборд“, по спроведеното големо истражување.

Песната доби спот, кој беше толку прикладен на зборовите на песната што некои ТВ-станици го цензурираа. Во „жешкиот“ спот, Оливија вежба во импровизирана вежбална опкружена со испотени машки тела.

Австралиската кантавторка, актерка и пејачка почина во понеделникот по повеќе од 30-годишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 73 години.

Тажната вест на својот фејсбук-профил ја потврди и нејзиниот сопруг Џон Истерлинг.

„Почина мирно на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите. Ги замолуваме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период“, напиша тој.

Животот на Оливија Њутн-Џон: Богата музичка кариера и лавовска борба со ракот

Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

Почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот