Протести во Албанија / Фото: Gazeta Panorama online

ВИДЕО | Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана – над 20 приведени и 16 повредени

Антивладиниот протест во Тирана синоќа премина во жесток судир на демонстрантите со полицијата, по што има повредени и приведени, пренесуваат албанските медиуми. Според информациите, приведени се 21 лице, меѓу кои и четворица тинејџери.

Противниците на владините политики ја гаѓаа зградата во која се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама со огномет и молотови коктели, на што полицијата одговори со водни топови и солзавец. Во судирите повредени се 16 полицајци.

Демонстрантите бараа оставка од Рама поради корупциски скандали и правосудни чекори против вицепремиерот за енергетика и инфраструктура, Белинда Балуку.

Има различни информации за тоа дали повредените се демонстранти, полицајци или од двете страни.

Судирите се дел од континуираните антивладини демонстрации во Албанија во последните месеци. Опозицијата, предводена од Демократската партија, ја обвинува владата за корупција и злоупотреба на јавни набавки, што предизвика серија протести.

Повеќе протести најавени од опозицијата може да продолжат во следните денови, како дел од политичките притисоци врз владата, додека властите ја истражуваат ситуацијата и ја контролираат јавната безбедност.

Полицијата соопшти дека запленила 22 неексплодирани молотови коктели и шишиња со сомнително гориво како материјален доказ.

Демонстранти се судрија со полицијата во Тирана – летаа молотови коктели кон канцеларијата на Рама

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот