ВИДЕО: Згрозеност во Црна Гора – некој убил видра која заталкала меѓу луѓе

Фото: Владе Бојовиќ/Фејсбук

Фотографија од убиена видра во црногорското место Жабљак предизвика гнев и згрозеност на социјалните мрежи, откако само еден ден претходно симпатичното животно, кое веројатно заталкало меѓу луѓето, беше снимено како се движи низ дворовите во Жабљак.

„Вчера е направена досега ретко видена снимка на видра која од блиското Црно Езеро, дошла во градската населба. Денеска се појави фотографија од истата таа видра, убиена и фрлена покрај отпад. Можно ли е да постои некој кој пред својата куќа убил заштитено животно, потполно безопасно за луѓето и нивните домаќинства, од чист лошотилак? Ги повикувам сите институции задолжени за заштита на заштитените животински видови, што побрзо да го процесираат ЗЛОСТОРНИКОТ кој ова го направил, се надевам дека ќе заврши во затвор или во некоја установа“, вели Владе Бојовиќ, кој на социјалните мрежи ја објави фотографијата од убиената видра.

Според биолозите, видрите се многу значајно животно за зачувување на животната средина и биодиверзитетот, а тие на никаков начин не им штетат на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот