Видео | Зеленски се сретна со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“
Заврши средбата во Лондон меѓу Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Володимир Зеленски. По средбата Зеленски изјави дека единството меѓу Европа, Украина и САД е важно, заблагодарувајќи им се на сојузниците за организирањето на состанокот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според францускиот претседател Емануел Макрон економијата на Русија почнува да страда по најновите санкции.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази скептицизам во однос на некои детали од американскиот предлог за запирање на војната во Украина на почетокот на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон во Лондон.
„Ја поддржуваме вашата земја затоа што сите знаеме дека судбината на Украина е судбина на Европа“, му рече Мерц на Зеленски.
Британскиот премиер Кир Стармер, пред средбата изјави дека секој мировен договор мора да вклучува цврсти и долгорочни безбедносни гаранции.
Стармер, кој заедно со Макрон ја предводи „коалицијата на подготвените“, рече дека во конкретниот случај Русија е таа која е агресор.
Ако има примирје, тоа мора да биде фер и долготрајно, бидејќи Путин не ги почитува договорите без јасни безбедносни механизми, рече британскиот премиер.
Leaders of Ukraine, United Kingdom, France and Germany are meeting in London today.
Chancellor Merz:
The destiny of Ukraine is the destiny of Europe. pic.twitter.com/VWVGJ9uMhD— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 8, 2025


