Зеленски на средба со Папата Лав XIV/Фото: Ватикан њуз/Икс

ВИДЕО | Зеленски кај папата Лав XIV, апел за продолжување на дипломатските напори за праведен мир

Володимир Зеленски беше пречекан од папата Лав XIV во Кастел Гандолфо утрово, пренесува АНСА.

Според прес-службата на Ватикан, средбата на украинскиот претседател со папата се фокусираше на моменталната состојба на војната во Украина, при што папата ја нагласи важноста од продолжување на дијалогот и изрази надеж за праведен и траен мир.

Папата Лав ја нагласи потребата од постојани дипломатски иницијативи за постигнување мирно решение на украинскиот конфликт. Тој го спомена и прашањето за воените заробеници и важноста од обезбедување враќање на украинските деца во нивните семејства.

Денес беше втор пат папата Лав да го пречека претседателот Зеленски во папската палата, по првата средба што се одржа на 9 јули.

Се очекува Зеленски подоцна денес во Рим да се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот