ВИДЕО | Затвор во кој луѓето одат доброволно: Спијат на под и плаќаат 80 евра на ден

Фото: BONEKphoto / Alamy / Alamy / Profimedia

Наместо да одат во луксузен хотел, Корејците одат во затвор кога се под стрес. Или барем тоа е главната просторија на хотелот “Инсајд ми“ (Inside Me) кој се наоѓа во Хонгчеон, Јужна Кореја, кој изгледа како казнено-поправен дом, пишува „Пункуфер“.

Луѓето плаќаат по околу 80 евра дневно за да бидат лишени од слобода и затворени во затворска ќелија без никакви световни добра.

Можете да останете 24 или 48 часа во мала соба од 5 квадратни метри, која е толку мала што нема место ни за кревет. Спиете на подлога на подот, а единствената погодност во која можете да уживате е непречен пристап до тоалетната школка и мијалникот.

Двапати дневно добивате оброк – обично некаква каша на база на овесна каша и ориз, а вашата единствена занимација ќе биде да гледате низ малиот прозорец во собата. Не можете да внесете мобилен телефон, компјутер или кој било друг електронски уред
во овој затвор. Не можете ни книга да земете со себе. Главната цел е да се оддалечите од секојдневните предизвикувачи на стрес и да поминете време во тивко размислување без никакви надворешни влијанија.

Најчести гости на затворот се студенти и работници од различни компании кои секојдневно се изложени на високи нивоа на стрес, со кој инаку тешко се справуваат. Во лажниот затвор тие се ослободуваат од тој стрес и наоѓаат привремена утеха во тишина и изолација.

Лажниот казнено-поправен дом го отворил адвокатот Квон Јонг-сук од компанијата „Happiness Factory“ во Јужна Кореја уште во 2013 година, а низ него досега поминале неколку илјади доброволни затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот