ВИДЕО: Започна поставувањето на рефлекторите на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“

фото: принтскрин/facebook.com/konjanovskitoni

Како што објави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, започна поставувањето на рефлекторите на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“.

– После овој зафат ќе следи асфалтирањето на улица „Крушевска република“, значајна артерија за граѓаните на нашите граѓани, но и за комплетирање на оваа фаза од осовремувањето на стадионот „Петар Милошевски“ – стои во објавата на Коњановски на Фејсбук.

Инвеститор на фазата за поставување на рефлекторите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во иднина се очекува и на овој стадион да се играат вечерни натпревари.

Во продолжение погледнете на видео записот како се осовременува стадионот „Петар Милошевски“ во Битола:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот