ВИДЕО | Забрчанец: Руската пропаганда може да собере колку сака ботови во Македонија, ние сме држава во која владее демократија

Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи
Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи / Утрински брифинг

Со некогашниот шеф на комуникации на Владата во Утрински брифинг поразговаравме за состојбата во Украина од аспект на информациската војна.

-Дефинитивно постои информациска војна, која не е ново, постоеше и порано. Но, она што се разликува е тоа што Западот излезе од таа вкочанетост кон руската пропаганда. Мислам дека Западот сега ја добива таа војна не само со руската пропаганта туку и со војната против демократијата, вели Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Анализите покажуваат дека Русија и на тој информативно-пропаганден фронт не се подготвиле сосема добро. Воените аналитичари, пак, велат дека Русија сѐ уште нема преземено хакерски напади оти се свесни дека тоа може да предизвика контраудар и да ги урне нивните платформи.

-Се согласувам дека тоа е причината. Хакерството не го измислиле Русите. За првпат западниот блок демонстрира јасна повторувачка порака, се сосредочи и демонстрирше прецизна информација. Демократијата секако е посилна од антидемократијата но досега беше дисперзирана. Руската инвазија ја обедини демократијата. Сега сите велат поддршка за суверенитетот, осуда на војната и апел за мир. Од друга страна пропагандата од Русија е сосема конфузна. Има обвинувања дека Украина има хемиско оружје, а да имаше ќе го употребеше, вели Забрчанец.

Забрчанец вели дека е Македонија е дел од западниот комуникациски систем и се координира со западните комуникациски пораки. Тој додава дека се следат на интернет различни платформи кои шират руска пропаганда и велат дека Русија ѝ се заканува на Македонија со некои смешни наслови.

-Се поставуваат слики од лидерот на Левица со Путин со наслов „Конечно некој нормален“. Ако тоа е нормално, тогаш мнозинството излегува дека е ненормално, вели Забрчанец.

Забрчанец вели дека не се сомнева дека на среден рок ќе се изгуби битката против пропагандата, оти позициите се јасни.

Македонски Телеком дури пред два дена ја тргна руската пропагандна телевизија РТ (Раша тудеј), каде сопственик е и владата.

-Резултатот е дека Северна Македонија успеа да ја исклучи РТ. Не мислам дека ваквите примери ќе доживеат замор. Мислам дека руската пропаганда ќе се замори. Македонците доминантно се за НАТО, ЕУ и демократија. Македонскиот народ има чувства кон Русија, но е против војна, вели Забрчанец.

Во врска со страниците на интернет кои вршат проруска пропаганда и кои сигурно тоа не го прават бесплатно, Забрчанец вели дека Владата има јасна стратегија за сузбивање на дезинформациите и за воведување медиумска писменост. Во делот на кривичното право, правилата се јасни – ако имате закана, тогаш настапува Обвинителството, вели Забрчанец.

-Пропагандата за создавање паника дека ќе нема бензин или храна исто така не успеа. Траеше паниката ден или два и толку. Има обиди за напади на комуникациските системи во земјава, тоа во виртуелниот свет е секојдневие, но одбраната функционира, вели Забрчанец.

Ние не го гледаме НАТО како нешто туѓо, ние сме дел од него. Сме се подготвувале за тој систем и во делот на комуникацијата сме пофалени, вели Забрчанец за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот