Фото: Студент-читател на „Слободен печат“

ВИДЕО: Врие од глувци во студентскиот дом „Пелагонија“, можно е таму да бегаат од „генералката“ на Орце

Глувци и стаорци роварат во студентскиот дом „Пелагонија“, каде се „раскомотиле“ и стигнале и до повисоките катови од зградата, се жалат станари во домот во скопската населба Кисела Вода.

Студентите велат дека повеќепати пријавувале кај управата, но оттаму добивале потценувачки и иронични одговори – надлежните им велеле дека не треба да се плашат и дека глувци таму имало отсекогаш.

Покрај тоа што се жалат дека во домот топла вода речиси и да нема, греењето е конечно пуштено, но недоволно, студентите велат дека „капак“ на сè им се глувците со кои мораат да го делат и онака супстандардното сместување.

Тие ни испратија и снимка на која се гледа како глодачите се активни во плафонот во една од бањите во студентскиот дом.

Во Скопје глувците и стаорците беа актуелни неодамна, кога поради повеќемесечната блокада на комуналните служби на Град Скопје, градот беше преплавен со ѓубре, па експертите предупредуваа дека е можно да се случат не само епидемии на заразни болести, туку и намножување на глувци.

Натегањето врз грбот на скопјани заврши со најавената мегаакција за чистење на главниот град во организација на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

ВИДЕО: Стаорци големи колку мачки роварат околу Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот